×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЦИД и Влазнија ќе се борат против говорот на омраза и ќе помагаат на социјално загрозените семејства

    04.07.2020 10:41 | KumanovoNews

    Две здруженија од Куманово се меѓу 40-те добитници на финансиски средства од Владата наменети за поддршка за справување со ковид кризата. Од Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) аплицирале со проекот за „Борба против говорот на омраза и криминалот од омраза“, додека пак од Влазнија за „Поддршка и асистенција за учениците за онлајн учење“.

    ЦИД и Влазнија ќе се борат против говорот на омраза и ќе помагаат на социјално загрозените семејства

    ЦИД доби  605.385 денари за справување со дезинформации, лажни вести, стигматизација и говор на омраза, кои за жал, се на широко распространети во нашето општество, а пандемијата на ковид-19 допринела за уште поголемо разгорување на овие негативни појави. Имајќи ја предвид новонастанатата ситуација, но и долгодошното искуство на полето на интеркултурен дијалог и справување со говорот на омраза, го осмислиле овој проект.

    „Покрај подигнување на свеста за постоењето и негативните последици од говорот на омраза и криминал од омраза, проектот има за цел да поттикне и поддржи ангажираност на луѓето преку нивно дејствување како мултипликатори, активно учество и организирање на настани во нивните заедници. Со разните обуки, користејќи методи од неформално образование ќе се градат капацитети на млади луѓе, младински работници, едукатори, наставници и други чинители за справување со говорот на омраза“, вели Марија Крстевска, проектен координатор во Центарот за интеркултурен дијалог.

    Проектот ќе започне со имплементација на 1 јули и ќе опфати временски период од шест месеци, односно до 31 декември 2020. Во рамки на проектот се предвидени 6 активности.

    Со проектот ќе бидат опфатени најмладите, ученици, наставници, младински работници, како и сите чинители во дијалогот меѓу заедниците. Ќе се спроведува во неколку региони и општини во нашата држава. Покрај Куманово, ќе бидат вклучени и Скопје, Штип, Битола и Тетово.  

    Здружението за едукација „Влазнија“ доби финансиска помош во висина од 810.000 денари, а ќе се искористат за целодневно учење на далечина, поточно преку користење на технологијата и интернетот, кој е новитет за децата.

    Од таму вела дека се свесни за големиот број на случаи на деца без родители и деца од други ранливи категории кои немаат можност да ја следат наставата, поради тоа што немаат компјутер, паметен телефон или таблет. Со овој проект, на оваа категорија на деца ќе им биде овозможено да го надминат овој проблем.

    „Проектот предвидува помош на деца без родители, самохрани мајки и социјално загрозените семeјства кои имаат деца ученици. Ќе им се додели по еден таблет, а со истите семејства  ќе се одржи и потребна обука за користење на истите уреди. Исто така, со проектот е предвидено да се спроведе обука со самохраните мајки  од страна на надлежните лекари за што поквалитетна заштита од ковид-19. Тука спаѓаат и другите закани по нивното и здравјето на нивните деца. Проектот има локален опфат и ќе се реализира во општините Куманово и Липково“, вели Сеад Рамадани, претседател на здружението.

    Проектот ќе започне да се реализира после изборите а ќе трае два месеци. Времетраењето ќе зависи од финалната листа на тимот за реализирање на овој проект кој ќе биде формиран од нивна страна.

    (Д. Давитковски)