Мени

Полицијата приведе возач на камион, го загрозил сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка (видео)

16.11.2025 19:47 | KumanovoNews

Возачот кој денеска го загрози сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка, во населбата Карпош е приведен, изречена му е прекршочна санкција  и наложено му е да го исчисти патот.

„Во врска со објавата на социјалните мрежи, каде се гледа како возач на камион со несоодветно однесување го загрозува движењето на учесниците во сообраќајот на регионалниот пат Куманово - Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово преземени се  мерки по што е пронајден возачот С.С. од Куманово“, соопшти МВР.

На возачот му е издаден прекршочен платен налог и му е наложено да го исчисти коловозот во присуство на полициски службеници.

Полицијата приведе возач на камион, го загрозил сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка (видео)