×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Членови на СДСМ помогнаа да се реновира училница во Љубодраг

    20.02.2020 12:37 | KumanovoNews

    Членови на општинската организација на СДСМ со сопствени средства реновираа училница во Подрачното основно училиште „Карпош“ во село Љубодраг, Куманово.

    Членови на СДСМ помогнаа да се реновира училница во Љубодраг

    Претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, денеска на прес-конфернција рече дека донацијата ја реализират по нападите од страна на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, поради средбата која СДСМ ја одржало во Љубодраг, а која била во интерес на граѓаните.

    - Преку лична донација од мене, секретарот на партијата Оливер Илиевски и членот на извршниот одбор Ненад Цветковиќ направивме остварување на она ветување што беше дадено пред луѓето на тој состанок. Може да видите дека училницата е реновирана во 50 квадрати ламинант, нови прозорци, нови врати и варосување. Со оваа донација децата од село Љубодраг ќе имаат можност да учат во елементарно позитивни услови како што учат и децата во градските училишта,-вели Костовски.

    Тој исто така ја повика и опозициската ВМРО-ДПМНЕ да им излезе во пресрет на жителите на Љубодраг и да ја реновираат и другата училница.

    - Оваа наша прес-конференција е со цел да се стави точка на неосновани препукувања помеѓу политичките партии, да направиме еден предизвик на нашиот политички противник ВМРО-ДПМНЕ доколку ние можеме да дадеме донација од наши лични средства, има уште една училница за реновирање, па доколку имаат можност, шанса, желба и волја нека излезат во пресрет на жителите на село Љубодраг, па да ја реновираат другата училница,- додаде Костовски.

    Весна Бојковска, директораката на подрачното училиште им се заблагодари на членовите на СДСМ, кои ја реновираа училницата и ги повика сите граѓани коишто се во можност да допринесат за да се создадат подобри услови за децата коишто посетуваат настава во ова училиште.

    Училиштето во село Љубодраг е дел од централното училиште „Карпош“ во Умин Дол, а во него посетуваат настава околу 40 ученици од прво до четврто одделение, во три паралелки од кои две се конбинирани.