×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црвен крст организира хуманитарен концерт за помош на лицата со оштетен вид

    08.04.2024 10:16 | Теодора Стоевска

    Општинската организација на Црвениот крст Куманово вечерва во 19 часот организира хуманитарен концерт  во Центарот на култура “Трајко Прокопиев”, а средствата ќе бидат употребени за обезбедување на очила за вид на дечиња од социјално ранлива категорија, како и за реновирање на просториите на Здружението на слепи лица во Куманово.

    Црвен крст организира хуманитарен концерт за помош на лицата со оштетен вид

    „На овој хуманитaрен настан учество ќе земат млади од средните општински училишта на територија на Куманово, дел од нив ќе се претстават со поезија, дел од нив со песна и свирење на виолина. Учество исто така ќе земе и нашата локална артистка Ивона Јо, а бидејќи нашиот настан е на 8 Април - дев точки ќе бидат посветени во чест на Национален ден на Ромите.Ги повикувам сите љубители на поезија, проза и македонска музика да ни се придружат на овој настан, да уживаат а воедно и да да бидат хумани“, изјави Никол Ѓорѓевска од Црвен Крст Куманово.

    Билети се продаваат во Црвен крст Куманово или на билетарата на Центарот на култура, а чинат 100 денари.

    Во текот на месец април општинската организација на Црвен Крст Куманово ќе организира хуманитарни базари во средни и основни училишта во состав на проектот „Со цело срце за нечие подобро утре“. Исто така во моментов ја подготуваат изложбата на автомобили (модифицирани и олдтајмери), која ќе се одржи  на 27.април (сабота). На овој настан ќе учествуваат нивните соработници, млади луѓе кои се љубители на автомобили, а воедно и членови на авто клуб “Illegal hunters Kumanovo”.

    „Секако за овој настан се планирани да се повикаат и останатите клубови во Куманово, но на настанот секако ќе бидат добредојдени и очекувани љубители на автомобили и од други околни градови. Исто така во план сме да организираме и кафе квиз, каде што сите заинтересирани граѓани по објавување на линк за пријавување од наша страна ке можат да се пријават со своја екипа и да се натпреваруваат во различни категории – општа култура,историја, филмови“, велат од организацијата.

    Програмата Црвен крст во Акција - Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) преку која ќе се реализираат активностите повеќе од 20 години е национална алатка за регрутирање и задржување на волонтери на возраст од 13 до 17 години во Црвениот крст. Во текот на една година се изработуваат околу 130 мали проекти, се вложуваат повеќе од 25.000 волонтерски часа во заедницата, се помага на околу 2.500 лица, се собираат повеќе од 25.000 евра од заедницата кои се враќаат во заедницата.

    Програмата им помага на младите волонтери да се запознаат со проблемите на луѓето и да помогнат во нивно решавање, да запознаат нови луѓе, да ги развијат своите комуникациски вештини како и да ги подобрат своите организациски и презентерски вештини преку разговори со директори и одговорни лица на институции и преку самото организирање на различни видови на активности.

    Од почетокот на месецот се одржа хуманитарно планинарење на кое учесниците имаа можност да донираат за да продолжи лекувањето на малата Јована Илиевска како и хуманитарен турнир во мал фудбал во рамки на проектот „Парцела на среќа“ на кој учество зедоа 17 екипи, а со средствата ќе се помогне за реновирање на домот на тричлено семејство.