×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црвен крст подели помош на семејствата од поплавените подрачја

    14.01.2021 13:56 | KumanovoNews

     Волонтерите од тимот за одговор при катастрофи од општинската организација на Црвен крст Куманово, поделија хуманитарна помош на семејства чии куќи беа зафатени од надојдените води на Крива Река и Пчиња.

    Црвен крст подели помош на семејствата од поплавените подрачја

    Како што соопштија од Црвениот крст, нивните екипи поделиле прехрамбено-хигиентски пакети на 10-тина семејства во реонот на селата Клечовце, Јачинце и Довезенце, помош била поделена на 7 семејства и во реонот на Пелинце, а и на 4 семејства од село Макреш, чии куќи по надојдените води од Крива Река биле отсечени од селото.

    „Но, засега ситуацијата е стабилна а каде што има потреба екипите ќе интервенираат дополнително“, рече Бојан Петрушевски, секретар во Општинската организација Црвен крст Куманово.

    (Ф.М.)