×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црвенковски: Никаде во светот не постои опозиција во опозиција

    26.06.2012 08:20 | KumanovoNews

     Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на митингот на СДСМ во Куманово им понуди три опции на опозиционерите и квазиопозиционери што се загрижени за реформите во партијата.

     

    Црвенковски: Никаде во светот не постои опозиција во опозиција

    Секој што сака да ни се приклучи е добредојден. Врата на партијата се широко отворени за секого.Само да се разбереме, нема пазар нема уцени. Или ќе одработиме чесно и искрено за народот или не ја заслужуваме неговата доверба. Втората опција. Ако овој и ваков СДСМ не ви се допаѓа, а искрено како што велите сакате да се борите против оваа власт, повелете формирајте партија. Декларирајте се и барајте место под сонецето. Барајте ја довербата кај граѓаните. И трето. Ако не ви се прифатливи и не ви се допаѓаат овие опции, тогаш имате сериозен проблем да објасните за кого всушност вие работите. Опозиција во опозиција не постои никаде во светот. Најдобро ќе биде да си го облечете портокалавиот дрес и да пристапите во стадото на Пастирот. Ние во СДСМ знаме која е нашата задача и цел, со вас или без вас, со вас или против вас. Ништо нема да не запре да чекориме напред- изјави Црвенковски.