ЦУК предупредува за можни излевања на Пчиња кај Пелинце и Клечовце
16.06.2023 23:03
| Сузана Николиќ
Центарот за управување со кризи (ЦУК) добил известување од УХМР дека е забележан зголемен водостој и на реката Пчиња во Пелинце.

„Предупредуваме за можни локални излевања во горниот дел од сливот на река Пчиња, а истовремено заради зголемен доток можно е водата да создава поголем притисок врз дел од некои мостовски конструкции, соопштува ЦУК.
Оттаму додаваат дека опасност од поплави постои и во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред вливот во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња.
(фото. архива)