×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да продолжи изградбата на Градскиот кеј, бараат граѓаните

    21.07.2017 12:13 | KumanovoNews

     Кумановци се едногласни дека градот нема доволно зелени површини и  пешачки зони, поради што е неопходно продолжување на кејот од Туш до Стариот парк, да се искористи шансата додека се работи на регулација на коритото со минимални средства да се уреди и брегот на реката

    Да продолжи изградбата на Градскиот кеј, бараат граѓаните

    Со реализација на проектот за регулација на речното корито на Липковска, реално се создаваат услови за уредување и на крајбрежјето и решавање на деценискиот проблем со запуштените зелени површини и дивите депонии околу нив. Граѓаните очекуваат локалната самоуправа да ја продолжи изградбата на Градскиот кеј од маркетот Туш преку локалитетот Водовод до Стариот градки парк и со тоа да го исполни ветувањето од секои избори за подобрување на квалитетот на живеењето во градот.

    „Куманово е град сиромашен со зелени површини. Пешачките зони се минимални, да не речам никакви, и локалната самоуправа треба да го реши овој проблем. Овој град има потенцијал, само треба добра волја и одредени средства, за да на граѓаните им се овозможат нормални улови за живеење. Тој потег е во центарот на градот, ги плаќаме сите давачки по ценовник на Општината а немаме елементарни услови за одмор и рекреација. Моментално тој дел од кејот на Кумановка е градско ругло-депонија, и не личи на Европско Куманово за какво слушаме од сите политички партии секој изборен циклус. Треба да се исчисти и да се оплемени со трева и садница, а тоа не е богзнае каква работа, ниту пак чини многу пари. Било што да се направи е за поздравување а и ние граѓани треба посовесно и одговорно да чуваме и негуваме, зошто колку ние можеме да уништиме ни една власт и институција не може да направи, - вели Јадранка К.(53), која живее на булеварот „Октомвриска револуција“ кај „Мај маркет“.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски вели со проектот за регулација на речното корито предвидена е изградба на патеки и шеталишта само на просторот којшто не е узурпиран со деловни и стамбени објекти.

    „Поради поставеноста на реката немаме можност секаде да градиме кеј, бидејќи имаме објекти покрај самата река. Меѓутоа во Стариот градски парк, во должина од 400 метри од мостот во Средорек до мостот кај стадионот Башкими имаме чиста површина, таму ќе биде уредено шеталиште односно кеј. На другите делови каде постојат услови ќе поставиме пешачки патеки. Така ќе биде од Мај маркет до локалитетот Водовод кој веќе се уредува и ќе се доврши со пешачки зони и зелени површини, - изјави Дамјановски.  

    Во планската документација на проектот предвидено е продлабочување и проширување на речното корито, поставување на бетонска подлога и поплочување со камен, изградба на мостови и пешачки патеки на одредени локации. За целосна реализација потребни се 1 милион евра, по 200.000 евра ќе обезбеди Министерството за животна средина и општина Куманово, а останатите УНДП преку странските амбасади. Проектот има за цел да ги спречи поплавите во населбите покрај реката.

    Планирано е проектот да се заврши до крајот на годината.