×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се дислоцира пречистителната станица од мигрантскиот камп бараат жителите на Табановце

    15.08.2017 19:16 | KumanovoNews

     Министерството за труд и социјалнa политика (МТСП) да ја дислоцира пречистителната станица за отпадни води од Транзитниот центар за мигранти во Табановце, бараат жителите од маалото Сланиште, бидејќи повеќе не можат да ја трпат непријатната миризба што се шири од неа.

    Да се дислоцира пречистителната станица од мигрантскиот камп бараат жителите на Табановце

    Мештаните тврдат дека станицата е изградена пред нивните куќа без нивна согласност и спротивно на предвидениот проект, па сега им ја загадува животната средина бидејќи често не е во функција, а фекалиите се собираат со денови и завршуваат во реката.

    „ Никој не не праша дали може да се постави станицата. Во првичниот проект стоеше дека цистерните ќе закопаат во земја, а тие ги оставија на отворено. Беше предвидено сите 15 домаќинства во маалото да се приклучат на станицата, а приклучија само 6 куќи. Ништо не е направено како што треба и затоа често има дефекти. Минатиот месец не работеше ни еден ден. Фекалиите ги црпеа и носеа со цистерни“, - вели Тони Петровиќ, претседател на м.з. Табановце.

    Станицата се наоѓа на едвај трисетина метри од првите куќи во селото, па семејствата се жалат дека од почетокот на летото и високите температури што го зафатија регионот не можат прозор да отворат од смрдеата. Затоа на 27 минатиот месец поднеле барање до МТСП за дисколација на станицата, но досега некој не се заинтересирал да го реши проблемот.

    „ Од станицата се шири неподнослива реа. Зад шаторите јавно си течат фекалиите по обичен канал, нема ни цевки ни ништо, се загадува земјиштето. Никој не презема ништо, - вели Перица Петрушевиќ.

    „ Станицата ни е пред врата. Прозор не можеме да отвориме, ниту во двор да седиме. Деца не можеме надвор да пуштиме. Смрди не се дише, најмногу попладне и навечер. Кога е тивко и без ветер по цела ноќ сме затворени во куќите. Алиштата што ни се на жица, па ни смрдат на фекалии,- велат членови на семејството Митровиќ.

     Револтирани од игнорантскиот однос на надлежните, жителите прашуваат по кој закон е донесена одлука станицата да се изгради во населено место и доколку не се дислоцира се закануваат дека ќе покренат петиција до Владата да се тргне кампот од нивното село, бидејќи и така имаат големи штети од мигранитете. Велат дека досега ја трпеле смрдеата затоа што повеќе семејства до селото работеле од кампот и обезбедувале егзистенција, а откако нив ги истерале на нивно место примиле луѓе од околните села и градот.

    „ Ја изградија до куќи а и самите знаат дека по закон не смее да е во населено место. И самиот камп е поставен незаконски ама ајде цело време ќутевме заради тоа што наши луѓе од селото работеа во кампот. Од први наваму ги истераа луѓето од Табановце, а примија од Долно Којнаре, Речица, Куманово, Рајкова куќа, Четирце и други места. Ние трпиме најголема штета од мигрантите и затоа треба да ни помогнат“ ,  - додава претседателот Петровиќ.

    Пречистителната станица за отпадни води во Транзитниот центар Tабановце е изградена минатата година од Интернационалната организација за миграција (ИОМ) по барање на МТСП, со цел да се заштити животната средина во селото од отпадната вода во кампот.

    Проектот чинел над 100.000 евра, а по завршување на проектот никој не ја одржува станицата, па поради тоа често се расипува и претставува проблем, не само за мештаните туку и за вработените во кампот.

    Сите овие проблеми табановчани сакаат да и ги кажат на министерката Мила Царовска и затоа јавно ја повикуваа да го посети селото.