×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се намалат придонесите за да останат пари за минимална плата, бараат чевларите

    08.11.2017 20:55 | KumanovoNews

    Државата да ги намали придонесите за да можат малите фабрики во чевларската индустрија да исплатат минимална плата од 12.000 денари на работниците, бара Здружението на чевлари „Куманово“.

    Да се намалат придонесите за да останат пари за минимална плата, бараат чевларите

    Според претседателката на здружението Лидија Милановска, доколку не се изнајде решение на проблемот кој им го донесе законот за минимална плата, ќе се соочат со отпуштање на работници и затворање на погоните за производство на чевли.

    „Првпат во историјата на чевларството се собравме 50 фирми од целата држава во рок од неколку дена, за да организирано се бориме за опстанок на нашите фирми. Нашата цел е да допре гласот до министерството и новата влада дека сите закони кои се прават набрзина и се гласаат преку ноќ создаваат огромни проблеми. Така е и со законот за минимална плата. Ние не сме против тоа работниците да имаат поголема плата, но бараме да нè ослободат од некоја давачка. Бараме соработка со ресорните министерства да најдеме некоја средина. Ние немаме начин да дојдеме до парите кои треба да ги исплатиме. Ако ги зголемиме цените кон странските добавувачи нема да сме конкурентни и ќе ни ја откажат соработката“, вели Милановска во име на сопствениците на малите погони кои работат лон систем.

    Таа додава дека во Бугарија нивните колеги плаќаат 50 евра придонеси за секој работник, а во Албанија 20 евра, па тамошните фирми се поконкурентни и се повеќе им ја земаат работата.

    „Во Бугарија има фонд за чевларската и текстилна индустрија, добиваат неповратна помош и субвенции за технолошки развој. Ние работиме со стари машини, немаме од никаде помош, државата ниту ни наоѓа работа, ниту ни дава подобри услови за работа, ниту ни помага да изградиме индустриски објекти, само ни налага зголемување на плата за 20 проценти. Инаку, со првата исплата на минимална плата, повеќето фирми имаат проблеми, а една фирма се затвори“,- вели Милановска.

    Таа тврди дека не се точни информациите кои се пласираат во јавноста дека работниците во чевларските и текстилните фабрики имаат најниски плати од 6 до 7 илјади денари, туку дека имаат работници кои имаат и над 14.000 денари плата. Се зависи од работното место и тежината на работата.

    „Под 12.000 денари земаат плата работници кои работат на најосновните процеси кои се најлесни, со несоодветно образование, без основно образование, кои не можат да се вработат на повисоки работни места. Тие што се на најслабите работни места земаат минимална плата. Со новиот закон сега треба нив да ги израмниме со оние луѓе кои шијат на машина. Тоа не е добро, бидејќи си ја намалуваме продуктивноста, а во моментов не сме во ситуација да ги зголемиме платите од 20 насто“, - вели Милановска.

    Таа додава дека имаат проблеми и со тоа што има многу неработни денови во годината, па не можат да стигнат да ги завршат нарачките од странските фирми.

    Милановска се надева дека надлежните ќе имаат разбирање за нивниот проблем и наскоро ќе го решат, во спротивно ќе има големи отпуштања во оваа индустриска гранка каде има околу 7-8.000 вработени.