Дa се откажат јавните собири, одлучи Владата
Владата препорача да се откажат масовните јавни собири до 6 март, а спортските натпревари да се играат без публика, по предлогот на министерот за здравство Венко Филипче. Одлуката доаѓа по појавата на првиот случај со коронавирус во земјава, a уште 14 лица се во изолација.

Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп“ и сите слични. Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика, - соопштуваат од Владата.
Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации.
Владата на Северна Македонија на денешната седница препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести.