×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се редуцира јавниот превоз и да се дезинфицираат јавните установи, препорача Општинскиот штаб за заштита

    11.03.2020 15:42 | KumanovoNews

    Заради тековната ситуација со корона вирусот и преземањето на активностите и мерките за заштита, денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставници на Општински штаб за заштита и спасување, претставници од институции и јавните претпријатија.

    Да се редуцира јавниот превоз и да се дезинфицираат јавните установи, препорача Општинскиот штаб за заштита

    Тие согласно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија, заедно ги донесоа следните препораки и закучоци:

    1. Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Седницата на Влада, одржана на 10 март 2020 година, како и сите понатамошни донесени препораки.

    2. Јавниот градски превоз да се редуцира и да биде идентичен со возниот ред, кој важи за време на зимскиот односно летниот распуст.

    3. Во наредниот период за време на отсуство на децата од училиштата и градинките ќе се направат напори да биде извршена дезинфекција на просториите во основни и средни училишта, како и градинките.

    4. Да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болеси при МЗ и Влада на Република Северна Македонија, а доколку се појават симптоми, да се пријават на телефон за контакт на ЦЈЗ Куманово 070215851, како и на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство на Република Северна Македонија: http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/