Да се скрати работното време на Општината и „Пазаришта“, побара Општинскиот штаб за заштита и спасување
Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешниот состанок побара да се скрати работното време на општина Куманово и ЈП „Пазариште“. Ова се само дел од мерките коишто се ќе се применуваат во иднина за да се спречи ширењето на коронавирусот.

- Во насока на преземање на активности за превенција и спречување од ширење на коронавирус се препорачува ЈП „Пазаришта” и Општина Куманово да работат со скратено работното време за 2 часа, до 14 часот. А по 14 часот вработените да бидат достапни на своите службени телефони, - соопштуваат од Општинскиот штаб.
Исто така на верските заедници во градот им се препорачува да вршат задолжителна дезинфекција на сите верски објекти и да ги почитуваат одлуките и препораките на Владата, особено да се редуцира постапката за погребалните церемонии на половина час со определена дистанца меѓу луѓето.
- По секој обред капелата да се дезинфицира од страна на ЈП „Чистота и зеленило”, -стои во одлуката.