Да се воведе ред пред банките и поштите при исплата на пензиите, бара Општинскиот кризен штаб
30.03.2020 19:23
| KumanovoNews
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус).

На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
- Препорака до сите јавни институции – банки, пошта при исплата на пензиите и други услуги кон клиентите и сите даватели на јавни услуги на граѓаните да воведат ред во самите институции и надвор од нив, согласно препораките на Владата за држење на растојание помеѓу граѓаните на најмалку 2 метри.