Да се забрза реконструкцијата на улиците во градот, бара ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ бара од локалната самоуправа да се забрза и финишира реконструкцијата на улиците во централното подрачје, заради непречено одвивање на сообраќајот во градот.

„Влезот во градот е блокиран, а граѓаните секој ден се соочуваат со собраќајниот метеж од Градската болница до излезот на Куманово. Секој ден во определени термини во денот, има блокада од неколку автобуси и колони возила кои чекаат по 15 минути за излез или влез од градот. Најстрашното е тоа што во близина е Ургентниот центар, - изјави Валентина Јовановска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Куманово.
Од партијата додаваат дека поради не обезбедената улица без сигнализација, неколку возила се оштетени откако пропаднале во отворените дупки, а биле повредени и неколку граѓани.