×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се зголемат капацитетите на Кумановската болница за лекување на пациенти од коронавирус, побара Општинскиот штаб

    22.07.2020 20:06 | KumanovoNews

    Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС) на Куманово, на денешниот состанок побара од надлежните институции да ги зголеми капацитетите на Општа болница Куманово, за лекување на заболените пациенти со вирусот ковид-19.

    Да се зголемат капацитетите на Кумановската болница за лекување на пациенти од коронавирус, побара Општинскиот штаб

     „Бараме од Владата во соработка со Општина Куманово да пристапи на зголемување на капацитети на болницата за третирање на пациенти со ковид-19, со подготовка на ковид болница на простор утврден од Општина Куманово и  Министерство за здравство и заедничко инвестирање, со цел да се зголеми капацитетот на Општа болница Куманово и да се подготвиме за евентуалните пикови во наредниот период на ковид кризата“, - стои во соопштението од ОШЗС.

     Кризниот штаб смета дека почитувањето на мерките за заштита од коронавирус се на незадоволително ниво, бидејќи поголеми групи на луѓе непречено се движат во одредени делови на градот, не се почитува социјална дистанца и не се носи заштитна опрема. Затоа бара под итно дејствување од МВР за да се спречи евентуално зголемување на нови случаи, кои што се последица на непочитување и неодговорно однесување на граѓаните.