×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дали ВМРО-ДПМНЕ го награди Димитриевски поради неуспешните проекти или многуте афери, прашува Левица

    20.06.2025 11:56 | KumanovoNews

    Од унгарскиот кредит, најмногу средства ќе добие Општина Куманово, речиси 243 милиони денари, па се поставува прашањето дали Максим Димитриевски е награден поради (не)успешноста на неговите досегашни проекти, кои во 8 години се сведуваат на 2 кружни токови и вечните санации на застарената сообраќајна сигнализација, или можеби, сепак, Максим награден поради нивните сомнителни коруптивни зделки кои заедно со ДПМНЕ како локална власт ги прават во Куманово во овие 4 години нивно заедничко владеење, како што се „НБА“ семафорот од 10 милиони денари и аферата со ДУП-от за Лидл, велат од Левица Куманово.

    Дали ВМРО-ДПМНЕ го награди Димитриевски поради неуспешните проекти или многуте афери, прашува Левица

    „Од проектите со кои Максим конкурираше за средства, ги издвојуваме катастрофите на ул. „Бајрам Шабани“, која требаше да добие нова атмосферска канализација, а на која при градежни работи, жителите од таа улица секојдневно објавуваа снимки од пукнати цевки, проект кој е договорен на 06.01.2025. Улицата за жал е се уште раскопана и крајно непроодна, проблем за кој Левица Куманово веќе реагираше и апелираше за негово решавање. Втор е проектот за гасоводна мрежа, при што договорот за делот помеѓу ул. Видоа Смилевски  Бато во Зелен Рид и с. Доброшане е потпишан на 18.02.2025, а делот од улицата каде што е вградена гасоводна мрежа на ул. В.С. Бато и ден денес стои несаниран, не е повторно асфалтирана и претставува опасност во сообраќајот и во секојдневното движење на тамошното население. По досега согледаново прашуваме, дали можеби, сепак, Максим ги нема добиено средствата поради неговата историја на (не)успешени проекти, туку поради заедничката можност на локалните владини функционери на ДПМНЕ-ЗНАМ заедно да добиваат од колачот вреден 243 милиони денари, кој би се поделил во надувани набавни цени од проект на проект?“, стои во соопштението на партијата.