×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Испораката на вода тече нормално

    05.07.2017 21:47 | KumanovoNews

    По обвинувањата на ОК ВМРО-ДПМНЕ дека дел од градот е неколку дена без вода, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и директорот на ЈП Водовод Горан Стојковски одржаа прес конференција на која ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ да отидат на споменатите локации и да утврдат дали навистина имало или немало вода предходните денови.

    Дамјановски: Испораката на вода тече нормално

    Тие признаваат дека е зголемен бројот на дефекти во водоводната мрежа, поради обидот да дистрибуираат максимална количина на вода во секој дел од градот.

    Околу изјава дека градинки, социјални установи, централно градско подрачје немаат вода со денови, одговорно ги повикуваме заедно со нив да отидеме на секоја локација на која што тврдат дека немало вода четири дена, три или два дена, и пред тие граѓани да објасниме дали имало вода или немало вода. Имаме зголемен број на дефекти поради притисок во нашата водоводна мрежа затоа што се обидуваме во овие жешки денови да дистрибуираме максимални количини на вода, за да секој дел на градот има вода. Значи имаме дефекти, што се дел од секојдневна работа. Нема дел на град којшто бил без вода неколку дена или 48 часа како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Не е време за кампањи, кампањите почнуваат од август месец, сега е битно да се одржи водоснабдување и граѓаните да бидат задоволни. Околу тоа колку е квалитетна, односно неквалитетна водоводната мрежа на град Куманово исто така ги повкувам почитуваните пратеник и претседател да кажат зошто ги блокираат двата проекти на Општина Куманово и ЈП „Водовод“, тоа е проект за замена и инсталација на нова водоводна мрежа и борила за вод и проектот Скада систем, кој на секој доводен и одводен канал до фабрика за вода и кон граѓаните ќе се поставаат електронски протокомери и мерачи на притисок, проект со кој буквално ќе беше осовремена водоводната мрежа на Опшина Куманово – изјави Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски изјави дека политиката повторно се вмешува во водоснабдувањето во Куманово, како единствен механизам да се блокира градот.

    Испораката на водата во Куманово тече нормално по моите сознанија од директорот, Куманово е огромен град и потрошувачката во овие летни горештини и наводнување на дворовите го прават своето. Упатувам порака дека не е добро да игра на оваа карта, затоа што сигурно ќе се изгуби, а осообен виновник за целата состојба во ЈП „Водовод“ е „Кумановско-липковско поле“ кое е под силна сугесија на пратеникот и на нивните ПР-и во централата кои нема што да прават па го блокираат Куманово на разни нивоа, изјави Дамјановски