×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дарко Петковски поднесе оставка на советничката фунција, ќе работи како тренер во странство

    22.01.2024 11:34 | Оливера Пешевска

    Дарко Петковски-Спејко поднесе оставка на функцијата советник на Општина Куманово, и во иднина ќе се сврти кон своето основно занимање и голема љубов – спортот.

    Дарко Петковски поднесе оставка на советничката фунција, ќе работи како тренер во странство

    Тој добил работен ангажман како тренер и професор по физичко во приватно училиште во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

    „Заминувам во потопли краеви, но многу поважно е што ќе се концентрирам на она што најмногу сакам да го работам во животот, а тоа е спортот. Дојде време за нови чекори и нови искуства во животот. Не планирам веќе да се занимавам со политика и кога ќе се вратам ќе продолжам со она што е мое основно занмиање, професор по физичко образование или тренер на некој клуб“ истакнува Петковски.

     Петковски дипломирал на Факултетот за физичка култура во Скопје, во моментот  ја врши функцијата спортски директор на Кошаркарскиот клуб Куманово, покрај тоа е и спортист, пејач, инфлуенсер. Мандатот му беше верификуван во октомври 2022 година, како дел од советничката листа на движењето „За наше Куманово“.

    На негово место ќе дојде следниот кандидат од советничката листа на здружението Гордица Бошковска.