Дедо Мраз пристигна во Куманово
23.12.2014 10:44
| KumanovoNews
Дедо Мраз дојде во Куманово за новогодишните празници.
Децата можат да го сретнат и да се сликаат со него пред Фото Шуте, спроти Кумановскиот суд. Дедо Мраз допатувал од Лапонија на санка која ја влечат ирваси и ги исполнува новогодишните желби на децата.
“Како се ближи Нова година интересот за сликање со Дедо Мраз расте. Децата до 7 години најмногу се радуваат на Дедо Мраз и очекуваат да им донесе подароци. Тој им дели подароци, бонбони, чоколади, а тие му рецитираат песнички, - вели нашиот Дедо Мраз.