Дефект на водоводната мрежа на „Трета МУБ“, се работи на отстранување на проблемот
19.06.2025 18:00
| KumanovoNews
Поради дефект на главна азбест-цементна водоводна цевка Ф/300, која се наоѓа во жардињерата на булеварот „Трета МУБ“, времено ќе биде прекинато водоснабдувањето.

„Без вода се објектите на бул. „Трета МУБ“, од кружен ток со ул. „Гоце Делчев“, до раскрсницата со ул. „Народна Револуција“. Екипи на ЈП „Водовод“ се на локацијата и работат на отстранување на дефектот. Се молат граѓаните за разбирање“, соопштуваат од претпријатието.