Делегација од МОН ги поздрави матурантите
12.06.2012 11:48
| KumanovoNews
Претставници од Министерството за образование на чело со Сафет Незири, заменик министер за образование денеска беа во обиколка на средните училишта во градот за да ги поздрават матурантите.

Тие прво ја посетија Гимназијата “Сали Фрашери“ во просториите на ЗИК каде настава изведуваат албански паралелки. Во 11 часот делегацијата ја посети Гимназијата “Гоце Делчев“ по што се упатија и кон другите средни училишта. Денеска матурантите го полагаат екстерниот дел од матурата. Ова е прва посета од ваков тип, претставници од МОН да се сретнат со учениците на денот кога тие полагаат матурски испит.