Делови од Куманово синоќа останаа без струја од силниот ветер
06.01.2020 10:54
| KumanovoNews
Делови од Куманово синоќа останаа без струја поради силниот ветер, при што од скршени дрвја и гранки се скинале каблите.

„Силниот ветер беше причина за прикин во снабдувањето со електрична енергија во делови на Куманово и Скопје. Имавме скинати проводници, а на некои места и паднати столбови. Екипите веднаш интервенираа и во најкраток рок беа санирани прекините на струја“, велат од ЕВН.
Најмногу дефекти, како што велат од компанијата ЕВН, имало во северениот дел од Скопје.