Денес и утре повеќе села и делови од градот без струја
18.05.2021 06:53
| KumanovoNews
Поради интервенција надистрибутивната мрежа денеска и утре без струја ќе бидат повеќе кумановски села и населби.

Денеска од 8 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат: дел од селата Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кшање, Кокошиње, Кшање затвор.
Утре (19.05.) од 8 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат: дел од Средорек, Доне Божинов (Марфи, Агрогума)и Никола Тесла, дел од Долно Којнаре - мала Палестина, дел од Доброшане - фирма Хромак и домаќинства околу Хромак.
Во текот на утрешниот ден од 11.30 до 14.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од Ајдучка чешма - место викано Длабочичко маало.