Денеска без струја дел од Средорек, утре повеќе села во Старо Нагоричане
31.03.2021 06:50
| KumanovoNews
Без електрична енергија денеска од 8. до 14 часот ќе биде дел од улицата Доне Божинов, во населбата Средорек, поточно околу сервисот ВИСТО и маркетот Елида.

Од ЕВН најауваат дека утре (01.04.) во периодот од 9. до 11. часот струја ќе немаат потрошувачите во селата Драгоманце, Пузаљка, Врачевце, Степанце, Жегљане, Кокино, Малотино, Арбанашко, Рамно, Длабочица, Дејловце, Цветишница и Буковљане.