Денеска без струја повеќето козјачки села
29.03.2021 07:44
| KumanovoNews
Без електрична енергија денеска ќе останат голем број на села во општина Старо Нагоричане и неколку во Куманово.

Според ЕВН, во периодот од 09.00-11.30 часот без електрична енергија ќе бидат потрошувачите на селата: Стрновац, Старо Нагоричане, м.в. Бели Грамаде, Драгоманце, Младо Нагоричене, Челопек, Коинце, Гулиновац, Пелинце, граничен премин Пелинце, Алгуња, Враготурце, Никуљане, Четирце, Карабичане, Табановце, Жегљане, Пузаљка, Степанце, Малотино, Кокино, Осиче, Длабочица, Буковљане и Цветишница.