×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска е Светски ден на детска литература

    02.04.2014 13:10 | KumanovoNews

    Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ во Куманово членуваат 1322 основци кои претежно читаат лектири и белетристика од домашни автори.

    Денеска е Светски ден на детска литература

    Oд библиотеката објаснуваат дека детскиот оддел располага со околу 75.000 книги од кои 1053 книги се набавени лани. За годинава планираат многу активности со цел да привлечат што повеќе млади читатели и да ја популаризираат вредноста на книгите.

    Манифестацијата “Час со познат писател“ воспоставена од пред 3 години се покажа како полн погодок и таа ќе продолжи со интерактивна комуникација. Еден час ќе направиме во училиште каде се изведува настава на македонски јазик, а еден час во училиште на албански наставен јазик. Посебен третман ќе добие активноста “Моја библиотека„, тоа е еден час со ученици во обиколка на библиотеката. Имаме манифестација “На прво место книгата“ со која родителите ќе се запознаат со можностите кои ги нуди библиотеката. Во подготовка се брошури, флаери и на родителите ќе им се потенцира дека библиотеката е најсигурен партнер за детето - изјави Нада Ивановска, директорка на Градската библиотека “Тане Георгиевски“.

    Два пати годишно библиотеката ќе организира саеми на кои читателите меѓусебно ќе можат да си разменат книги.

    Денеска е Светскиот ден на детската литература во чест на роденденот на холандскиот писател Ханс Х.Андерсен.

    Кога имам многу за учење малку послабо читам. Сите лектири ги читам, а наоѓам време и слободна литература. Омилен писател од домашните ми е Горјан Петрески, а од странските Никола Барнс - вели Јасмина Станимировиќ, ученичка во Гимназија “Гоце Делчев“.

    И повозрасните читатели ги советуваат младите наместо на социјални мрежи времето да го поминат со книга во рака.

     Убаво е да се чита книга, се збогатува речникот, се добива знаење. Читам уште од ученички денови и на ќерка ми и препорачувам да чита. Омилени ми се љубовните романи и месечно во просек читам по 4 книги - рече Ирена Благоевска, читател.