Краста и околните села денеска и утре без струја
26.10.2023 07:48
| Сузана Николиќ
Прекини во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре ќе има во близина на м.в. Краста.

Денеска од 9.40 до 14 часот без струја ќе останат се каменолом Козјак, Краста ѓубриште, Краста викендици, Краста војно, каменолом Ин Мак, каменолом Козјак, м.в. Новине, Студена Бара, Вак'в, Винце.
Исто така има најава за прекини и за утре /27.10./ во периодот од 09,15-14,00 часот на Ин Мак-Каменолом,Краста ѓубриште,Краста викендици, селата Пчиња, Вак`в, Винце, Студена Бара и Краста војно.