Денеска сончево и многу топло
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од западен и јужен правец.

Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност, која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи. Индексот на УВ зрачењето ќе биде висок и ќе изнесува 9. Дневната температура ќе се движи од 34 до 41 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст, при што во вторник и в среда во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-иот степен.
Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер засилен ветер се очекува в среда кон четврток. Ветерот ќе го промени правецот во северен а со тоа ќе има намалување на дневната температура за 5 до 7 степени.
Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на викенд кога ќе има со локална нестабилност проследена поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.