×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Денови на комедија“ по 28 пат во Куманово - претстави од Македонија, Србија и Бугарија

    09.09.2025 13:10 | Сузана Николиќ

    Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ ќе се одржи од 24 септември до 10 октомври на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    „Денови на комедија“ по 28 пат во Куманово - претстави од Македонија, Србија и Бугарија

    Годинава публиката ќе има можност да погледне 11 претстави на ансамбли од Македонија, Србија и Бугарија. Фестивалот ќе го отвори Велешкиот театар со култната комедија „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ.

    „Направивме избор од 11 претстави. Сите наши театри кои имаа комедии беа селектирани. Се работи за квалитетни претстави во кои ќе ужива публиката. Наградите ќе бидат доделени на 10 октомври, кога ќе се игра и првата реприза на премиерата ‘Разбуди се Тина’ на Кумановскиот театар во режија на Драгана Паневска“, изјави директорот Сашо Тодоровски.

    На програмата се и претставите: „Рибарски караници“ на Битолскиот театар, „Бог на колежот“ на МНТ, „Да живее долна дупка“, Театар комедија, „Едно предавање“, Театар Прешево, „На траг“ Тетар Крагуевац, „Грабеж на дијамантот“ Албанска драма Театар Куманово, „Петок 13“ Струмички театар, „Покондирена тиква“, Народно позориште Пирот, „Постојаната сопруга“ Сатиричен театар Софија и „Разбиди се Тина“ – премиера Кумановски театар. 

    И годинава ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, најдобра женска и машка улога, најдобра сценографија, костимографија и најдобра режија.

    Лауреат на „Денови на комедија 2025“ е актерката Весна Петрушевска.

    Традиционалниот фестивал „Денови на комедија“ во Куманово се одржува по 28 пат, и е најпосетена културна манифестација во градот, каде секогаш се бара место повеќе.

    Билетите ќе бидат пуштени во продажба 4-5 дена пред отворањето на Фестивалот.