Денови на мед на Градскиот плоштад во Куманово
27.09.2019 08:12
| KumanovoNews
Манифестацијата „Денови на мед 2019“, во организација на пчеларското друштво „Пчела“ од Куманово, од вчера се одржува на Градскиот плоштад.

На саемот се изложени мед и пчелни производи на пчеларите од кумановско и регионот.
Оваа традиционална манифестација се оддржува 20 години по ред, а целта на овој настан е да се промовира медот како здрава храна, но и да се промовира градот во регионот и пошироко.
На отворањето на саемот секретарот на Општина Куманово, Десанка Стошевска, истакна дека пчеларството е гранка која дава здрави производи, благодарејќи на макотрпната работа на пчеларите.
Саемот ќе трае до сабота попладне.