Денови на мед од утре пред Центарот за култура во Куманово
07.10.2021 14:42
| Сузана Николиќ
На плоштадот пред Центарот за култура, утре започнува традиционалната манифестација Денови на мед.

Граѓаните ќе имаат можност во наредните три дена, односно од петок до недела да купат мед од петнаесетина локални и регионални пчелари.
Отворењето на манифестацијата е закажано во 10 часот.
Денови на мед по 21-пат ги организира Здружението на пчелари „Пчела“ од Куманово, со поддршка на Општина Куманово.