×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Десет корисници и двајца вработени во Домот за стари лица во Куманово позитивни на коронавирус

    23.11.2020 13:24 | KumanovoNews

    Десет корисници на услугите на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово и двајца вработени се позитивни на коронавирус.

    Десет корисници и двајца вработени во Домот за стари лица во Куманово позитивни на коронавирус

    Тестирањето било направено од страна на Центарот за јавно здравје во Куманово на барањето на домот, откако дел од корисниците пројавиле симптоми на сезонски грип и поради дел од вработените коишто биле во контакт со заразени, а потоа биле ставени во самоизолација и дел од нив се позитивни. Вкупно биле тестирани 36 лица, 30 корисници и 6 вработени.

    По пројавените симптоми, како што вели директорот на домот, Дејан Стојановски, се реагирало веднаш, односно во делот коишто го пренамениле за самоизолација, биле изолирани таргетираните корисници.

    „На наше барање и поради околностите во коишто се најдовме го направивме ова тестирање. Мислевме дека можеби вирусот нема да не` погоди, да ни се случи, меѓутоа за жал не останавме имуни, вирусот најде начин како да влезе во институцијата, а тоа се случи преку вработените бидејќи корисниците немаат излезено 7 или 8 месеци. Ние веруваме дека се` што преземавме ќе придонесе да не се прошири вирусот, бидејќи реагиравме веднаш,“ додава директорот Стојановски за Кумановоњус.

    Како што вели директорот, во моментот корисниците се со „благи“ до средно-тешки симптоми. За нив се грижат 4 медицински сестри со кои располага домот, а за нецела недела се очекува да дојде на работа и уште една медицинска сестра која била во самоизолација поради коронавирусот. Тие се во постојана комуникација и со нивните матични лекари за терапијата којашто треба да им се даде, но засега ниту еден од нив немал потреба од болничка хоспитализација.

    Во домот се доопремува и уште еден оддел којшто ќе биде наменет за самоизолација, а согласно потребите се ротираат и вработените.

    Во првиот бран на коронавирус во домот имаше само една заболена корисничка и двајца вработени.

    (Ф.М.)