Десет стари лица побарале помош за набавка на храна и лекови од Општина Куманово
Десет лица од Куманово побарале помош од Општина Куманово за снабдување со потребни прехрамбени продукти и лекови, откако вчера општината воведе услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани.

Во оваа активност, денес се приклучи и Црвениот Крст од Куманово, а граѓаните од денес освен што можат да побараат помош за асистенција од страна на општината на броевите: 075 207 126 и 077 719 494, тие исто така можат да се обратат за помош и во меѓуопштинскиот Центар за социјални работи на бројот 031 438 160.
- Во оваа активност ни се приклучи и Општинскиот Црвен Крст. Во текот на вчерашниот ден имавме десет јавувања од наши сограѓани, во текот на вчерашниот ден и денешниот ден се асистира на истите лица. За асистенција на болни и изнемоштени лица на располагање им стои и Центарот за социјални работи, кајшто граѓаните исто така може да се јвуваат . Исто така, се препорачува на сите јавни и приватни здравствени установи да дадат приоритет на лицата волонтери кои се задолжени за помош на асистенција на болни и немоќни граѓани во нашата Општина,- рече градоначалникот Максим Димитриевски.
Како што појасни, граѓаните ќе треба сами да си го покријат трошокот за набавените производи и лекови, а ангажирањето на асистентите ќе биде покриено од страна на општината.
Воедно, тој посочи и дека повозрасните граѓани коишто треба да добијат извештај од специјалист или користат инсулинска терапија, да не одат лично во Центарот за јавно здравје, туку да испратат друго лице или пак да ја искористат асистенцијата којшто им е на располагање.
Исто така лицата коишто треба да се јават на редовна контрола, а се во стабилна состојба, истата може истата да ја одложат во консултација со нивниот матичен лекар.