×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Детска ликовна работилница ќе се одржи во Центарот за култура во Куманово

    21.07.2020 12:14 | KumanovoNews

    Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, утре со почеток во 10 часот ќе организира ликовна работилница на слободна тема. Согласно протоколите за заштита од коронавирусот, оваа година работилницата ќе се одржи на отворено, на плоштадот пред институцијата.

    Детска ликовна работилница ќе се одржи во Центарот за култура во Куманово

    Под менторство на акадамиски ликовни уметници вработени во Центарот за култура, децата ќе имаат можност да ја изразат својата креативна страна и да сликаат на штафелај. Штафелаите ќе бидат поставени на растојание од два метри, ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција, а децата нема да можат да се групираат меѓусебно.

    Директорот Сашо Тодоровски, вели дека со оваа работилница сакаат да им го разубават секојдневјето на најмладите и да допринесат за развивање на нивниот креативен дух.

    „Утре имаме детска креативна ликовна работилница, која има одличен одзив кај нашите најмлади, тие заедно со нивните наставници, родители доаѓаат и сликаат. Претходно работилницата се одржуваше во фоајето во Центарот за култура, меѓутоа сега со оглед на ситуацијата со пандемијата, тоа ќе биде надвор каде ќе биде поставен штафелај и за жал децата нема да можат да се групираат и да се дружат меѓусебно, но сепак ќе можат да ја изразан својата уметничка експресија“, додава тој

    Детските креативни работилници, Центарот за Култура ги започна пред две години, кои наидоа на многу позитивен прием и кај најмладите, но и кај повозрасните граѓани, кои потенцираат дека вакви настани во градот треба да има многу почесто.

    (Ф.М.)