Детски ликовен камп во Етно село
10.06.2014 09:55
| KumanovoNews
Ученици од основните училишта наредната недела три дена ќе творат на “Детски ликовен камп“ во комплексот Етно село.
Кампот ќе се одржи од 16 до 19 јуни, а ќе учествуваат 18 учесници со нивните ментори.
- За прв пат оваа година ќе се вклучат ученици од основното училиште “Блаже Конески“ од Скопје и двајца корисници на Дневниот центар “Порака наша“. Делата ќе бидат презентирани во четврток кога ќе биде отварањето - затварањето на кампот - рече Нино Величковски од Фондација за спорт и култура.
Величковски вели дека ќе продолжи традицијата делата од “Детски ликовен камп“ да се донираат за “Порака наша“.