Детскиот фестивал „Распеано детство“ утре во Центарот за култура во Куманово
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утре во 20 часот ќе се одржи 17-то издание на Фестивалот на детска песна „Распеано детство“.

Фестивалот е од меѓународен карактер, а оваа година ќе настапат 16 дечиња од Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Фестивалот е еден од најстарите детски фестивали во нашата земја, а се совпаѓа со прославувањето на 1 јуни Меѓународниот ден на детето.
„Фестивалот побуди голем интерес кај публиката, а најавени се гости и делегации од амбасадите од земјите учеснички“, велат организаторите од фестивалот Здружението „Етно Ризница“ од Куманово.
Kарти во продажба во локалитет „Сума“ во ТА „Зулу Травел„.