×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Девет избирачки места во Куманово на нови локации

    14.07.2020 16:06 | KumanovoNews

    Девет избирачки места во Куманово се преместени на нови локации затоа што старите не ги исполнувале просторните услови за спроведување на здравствените протоколи при гласање.

    Девет избирачки места во Куманово на нови локации

      Од Општинската изборна комисија (ОИК) во Куманово, информира дека новите локации се во близина на старите и граѓаните утре непречено ќе можат да го остварат своето гласачко право. 

    Сменета е локацијата на три избирачки места од просториите на поранешен „Силекс“ на ул. „Доне Божинов“ во Основното училиште „11 Октомври“.

    „Избирачкото место број 1025 кое се наоѓаше во Министерство за информатичко општество - Интернет кафе, избирачко место 1026 од просториите на стар Силекс и избирачко место 1026/1 од просториите на Здружението на земјоделци, се преместени во училиштето „11 Октомври“ на ул. „Тодор Велков“, информираат од ОИК за Кумановоњус.

    Избирачко место 1014/1 од зградата на ЈП „Чистота и Зеленило“ е префрлено во расадник на претпријатието на ул. Братство и Единство бр.30.

    Поради реконструкција на поранешниот хотел Солун дислоцирани се две гласачки места.

    „Избирачко место 1028 од Клуб на воени старешини на ул.Иво Лола Рибар е преместено во Центар за култура, додека избирачкото место 1029 од просторијата на Клубот на воени старешини е премесен  во зграда на УЈП - даночно одделение ул. Моша Пијаде “, - додаваат од ОИК.

    Избирачко место 1054 од приватен објект „Шевро“ е преместено во Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

    Избирачко место 1088 од објект на Месната заедница „Железничка станица“ се преместува во приватен објект -ресторан „Фонтана“ на ул.Железничка бр.56.

    Избирачко место 1092 во с.Вак'в од приватен објект е преместено во ОУ „Браќа Миладиновци“ во с.Пчиња.

    Гласањето на параламентарни избори започна вчера. Во Куманово правото на глас го оставија 30 лица кои се заразени со коронавирус или се во домашна изолација, денеска на територијата на општината гласаат 192 стари и немоќни лица, како и затворениците од затворот К`шање.

    На денот на изборите, во среда, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори.

    (Ф.Марковска)