Девет лица меѓу кои пет малолетници повредени во сообраќајка во Куманово
25.05.2021 10:56
| KumanovoNews
Девет лица се повредени во сообраќајна незгода, на патот кон кумановското село Зубовце, откако автомобил излетал од патот.

Несреќата се случила околу 23,20 часот на патот за с.Зубовце, кога патничко возило „уаз 469“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(36) од Куманово излетало од патот.
По незгодата, во Општата болница-Куманово, на Ј.Д. и Е.В. (37) им биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници Д.В.(39), Д.Д.(33) и пет малолетници биле констатирани повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.