×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Деветмина волонтери ќе помагаат на Инфективното одделение

    25.11.2020 11:01 | KumanovoNews

    Во Општата болница во Куманово од денеска  со волонтерска работа ќе започнат девет лица, кои ќе им помагаат на пациентите и медицинскиот персонал во справување со коронавирусот.

    Деветмина волонтери ќе помагаат на Инфективното одделение

    Тие ќе се ангажираат на Инфективното одделение во техничкиот дел од работата, која предвидува носење на кислородни боци, транспорт во количка и нега на пациенти, чистење или готвење храна.

    Волонтерската акција ја иницираше пратеникот Мартин Костовски, откако два дена волонтираше во болницата, а потоа со свои пријатели отворил фејсбук група „Волонтирај за Куманово“, за да се вклучат што поголем број на граѓани. За само два дена од повикот се пријавиле девет волонтери, во првиот ден седум, а во вториот  двајца.

    „Јас бев првиот волонтер во болницата, со својот личен пример сакав да ја разбудам свеста кај останатите мои сограѓани. Мислам дека сите имаме обврска со нашето волонтирање да им помогнеме на болните и им дадеме поддршка на вработените, да бидеме со нив, да можат и тие да ги наполнат батерииите, бидејќи се на крајот од своите сили. Од ден на ден се` поголем број на кумановци пристапуваат кон оваа идеја и голем број ќе биде ставен на услуга и функција на Инфективното одделение во Куманово“, - изјави Костовски.

    Тој ги повика сите здрави, млади луѓе, како и они коишто го прележале коронавирусот и имаат имунитет, да се пријават и да не се плашат, бидејќи ќе добијат соодветна заштитна опрема, маска, скафандери, ракавици додека учествуваат во работата.

    „ Ние сме луѓе од други професии кои немаат допирни точки со медицината, но ние сме во можност да помогнеме во техничките работи. Јас во првите два дена од моето волонтирање носев кислородни боци. Имаше над 30-40 боци, заедно со двајца мои другари помогнавме да се внесат тие боци и  ред други работи. Тоа е и мојата идеја да направиме нешто добро, како за персоналот така и за нашите сограѓани коишто таму се пациенти“, рече Костовски.

    Кумановската болница во овој момент има најголема потреба од помошен перснал, пред се болничари и хигиеничaри, поради што директорката побара помош од АРМ и нови вработувања.

    (Ф.Марковска)