Девојчето кое денеска беше пријавено за исчезнато најдено е во Гази Баба
14.04.2025 22:04
| KumanovoNews
Шестгодишното девојче кое денеска беше пријавено за ичезнато,попладнево е најдено.

Родителите случајот го пријавиле во полиција, а побараа помош и од медиумите и граѓаните на социјалните мрежи. Попладнево девојчето е пронајдено, соопшти полицијата.
„Денеска (14.април) во 15.00 часот во СВР Куманово С.Т. (28) од Куманово пријавила дека нејзината 6-годишна ќерка се оддалечила од домот. Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба“, соопшти вечерва Кумановската полиција.