Девојка прегазила пешак на патот Липково - Куманово
14.11.2019 09:55
| KumanovoNews
Две лица се повредени во сообраќајна незгода на регионалниот пат Липково - Куманово.

Сообраќајката се случила вчера во 8.50 часот, во селото Оризаре, кога Е.Е.(19) од с.Отља, општина Липково, управувајќи патничко возило „даихатсу“, со кумановски регистарски ознаки, удрила во пешакот А.Р.(23) од с.Лојане, општина Липково.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил Ј.Е., сопатник во возилото. Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.