Дезинсекција во општина Липково
09.06.2014 06:58
| KumanovoNews
На територија на општина Липково утре во вечерните часови ќе се изврши терестичка дезинсекција.
- Се молат граѓаните кои одгледуваат пчели да ги превземат потребните заштитни мерки, односно да ги затворат сандаците со доволно вода за пиење. Истоа така да не ги пуштаат пчелите 3-4 часа по третирањето на даденото подрачје - вели Едита Рамизи, епидемиолог од Центар за јавно здравје.
Дезинсекцијата може да се одложи во случај на неповолни временски услови.