×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски деградирал 20 вработени во Општината затоа што се членови на СДСМ, тврди Костовски

    13.11.2021 15:50 | Сузана Николиќ

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кој освои втор мандат како независен кандидат, деградирал 20 вработени во Oпштината само затоа што се истакнати членови на СДСМ.   

    Димитриевски деградирал 20 вработени во Општината затоа што се членови на СДСМ, тврди Костовски

    Пратеникот Мартин Костовски денеска на прес конференција обвини дека Димитриевски уште во првите денови на вториот мандат започнал со одмазда кон своите политички неистомисленици и над 20 вработени лица во Општина Куманово овие денови се распределени на пониски позиции или се преместени да работат на други работни места. 

    „Причината за преместувањата и деградирањата е само тоа што овие луѓе се истакнати активисти и членови на СДСМ.
    Ова е класичен политички реваншизам и самоволие на градоначалникот Димитриевски, постапка која потсетува на едни режимски времиња. Со ваквите постапки се покажа недемократското и неодговорно лице на Максим Димитриевски кој решил заради лични каприци, да се пресметува и казнува луѓе кои со години и децении работат во општината.  Јасно ни е дека Димитриевски ќе продолжи со притисоците, но и нему треба да му биде јасно дека со ваквиот однос нема да исплаши никого“, вели Костовски. 

    Тој апелираше до сите вработени кои се под притисок на Димитриевски, да пријават во СДСМ, а тие ќе сторат се за да ги заштитат од закани, притисоци и уцени од градоначалникот.