×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски ги собра потписите за независен кандидат за градоначалник

    27.08.2021 15:44 | Жаклина Цветковска

    Актуелниот градоначалник Максим Димитириевски веќе ги собра потребните потиси за незвисен кандидат за градоначалник со кои ќе ја бара поддршката од граѓаните за нов четиригодишен мадат за да продолжи да ја води општината.

    Димитриевски ги собра потписите за независен кандидат за градоначалник

    Откако денеска беше објавено дека ќе се кандидира како независен кадидат, тој за неколку часа ги собра потребните потписи во ОИК Куманово, иако неговата матична партија СДСМ се уште ја нема објавено целосно листата на кандидати за градоначалници на претстојните локални избори меѓу кои е и Куманово.

    „Денеска излегувам со иницијатива за нов четиригодишен мандат, во којшто заедно со мојот тим, со нова сила и нова енергија, сакаме да продолжиме да го градиме и развиваме Куманово. Им се заблагодарувам на сите граѓани, коишто во изминатите 3 часа се отповикаа на оваа иницијатива и дадоа масовна поддршка. Тоа за мене е мотив повеќе да продолжам во заложбите заедно да го развиваме Куманово и заедно да работиме во развојот на демократијата во нашата држава“, рече Димитриевски на денешната прес конференција.

    Тој не даде конкретен одговор на прашањето зошто се одлучил на ваков чекор, кога практично до вчера бил фаворит на СДСМ, но не ја добил поддршката од матичната партија.

    „Немам информации што се има случено на Извршниот одбор, но знам дека под притисок на моите сограѓани и голем број на истакнати социјалдемократи од Куманово, денеска објавив инцијатива за собирање на една ваква граѓанска поддршка. Отворен сум за секој тип на поддршка, вклучувајќи ја и мојата СДСМ, затоа што сметам дека основните вредности на социјадемократијата и на мојата матична партија, е токму граѓанскиот пристап и различноста којашто беше главно мото на последниот конгрес на партијата“, одговори Димитриевски.

    Тој подвлече дека жали што поединци овој негов потег го доживуваат како предавство или нешто слично.

    „Не се работи за лични амбиции, туку се работи за еден континуитет на едно можеби поразлично размислување од група на луѓе коишто во моментов имплементираат власт“, посочи Димитриевски, напоменувајќи дека останува социјалдемократ и дека негови заложби се да се развива демократијата и во државата, но и во-политичките субјекти.

    Тој не очекува и не размислува дали ќе биде исклучен од СДСМ и вели дека за тоа партијата има статут и органи кои треба да одлучат. Верува дека е фаворит на претстојните локални избори, според сите анкети и сондажи, и дека ќе ја добие граѓанската поддршка.

    „Уште од првиот ден го менаџирам градот и се обидувам, без разлика што доаѓам од политички субјект,  да бидам градоначалник за сите граѓани, без разлика на партиска, верска, етничка или било каква друга припадност. И денеска, особено мотивот е поголем кај мене, бидејќи видов голем број на луѓе кои доаѓаат од различни политички субјекти, заедници и вери.  Даваат поддршка на еден ваков концепт, а тоа е всушност концептот на социјалдемократијата во нашата земја”, дополни тој.

    Димитиревски најави и своја независна советничка листа, која во мометов се комплетира, а чиј носител ќе биде жена, но не го откри нејзиното име.