Димитриевски: Имаме план и визија за развој на Куманово
03.10.2021 20:11
| Сузана Николиќ
Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски вечерва одржа средби со жителите од село Пчиња, село Доброшане и населбата Јане Сандански (Бабин дол).

„Имаме план и визија за развој на општина Куманово. За четири години реализиравме голем број на проекти и го подобривме квалитетот на живот. Вечерва, со жителите од село Пчиња, село Доброшане и населбата Јане Сандански (Бабин дол) разговаравме за проектите кои ни се во план на реализација по победата на локалните избори. Внимателно го слушаме гласот на граѓаните и работиме заеднички за мое, за твое и за наше Куманово“, истакна Димитриевски.