×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски: На Куманово му се потребни реални инвеститори за развој на стопанството

    14.05.2021 18:49 | KumanovoNews

     Општина Куманово денеска ја презентираше новата индустриска зона „Новине и Речица“ пред претставниците на Сојузот на стопански комори на Македонија и членовите на бизнис заедницата.

    Димитриевски: На Куманово му се потребни реални инвеститори за развој на стопанството

    Индустриска зона „Новине и Речица“ зафаќа површина од 65 хектари и се наоѓа на исклучително атрактивна локација на Коридорот 8 и Коридорот 10. Во зоната има предвидена изградба на фабрики на лесна и незагадувачка индустрија, хотели и големи трговски молови и шопинг центри. На јавното наддавање кое ќе се изврши на крајот на мај или почетокот на јуни, ќе се продаваат 12 парцели.

    „Нашата цел како град е да го развиваме стопанството и да дадеме еднакви можности за инвестиции во кумановското стопанство и на домашните првенствено, но и на странските инвеститори. Сметаме дека во рамки на ваквите квалитетни презентации ќе успееме да изнајдеме реални инвеститори од реалниот сектор да инвестираат во нашиот град, а тоа ќе значи не само за нас како општина туку и за државата. На Куманово му се потребни реални инвеститори”, потенцираше градоначалникот Максим Димитриевски.

    Куманово е најголема општина во северно-источно плански регион, кој воедно е и најмалку развиен. Во оваа општина има вкупно 15.000 невработени лица, една половина е ниско квалификувана, а другата половина е со средно и високо образование.

    Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, истакна дека во креирање и имплементација на економските политики важен акцент треба да се стави на рамномерниот економски развој, кој ќе донесе подобри услови за живот и работа за сите граѓани на нашата држава.

    „Локалната власт во Куманово е пример за креирање на нови можности за инвестиции, овозможувајќи им на македонските претпријатија да растат користејќи ги овие можности преку развој на индустриската зона. Дополнително овозможувајќи добро деловно опкружување, поврзување на претпријатијата во зоната и креирање квалитетен синџир на снабдување, ќе се овозможат и поголем број добро платени работни места, со што и директно ќе се придонесе за раст на животниот стандард на граѓаните на општината“, истакна Арсовска.

    Претставници на Сојузот на стопански комори денеска ја посетија новата економска зона на лице место да се запознаат со можностите за инвестирање.