×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски најави нов капацитет во „Дрекселмаер“ и нови 2000 вработувања

    13.12.2021 14:21 | Жаклина Цветковска

    Проширување на капацитетите на „Дрекселмаер“ во Куманово и нови 2000 вработувања најави градоначалникот Максим Димитриевски при денешната работна средба со германската амбасадорка Анке Гизеле Холштајн.

    Димитриевски најави нов капацитет во „Дрекселмаер“ и нови 2000 вработувања

    „Во раговори сме со менацментот на компанијата за отворање на дополнителен капацитет, со можност во следниот период од 2 години да се вработат повеќе од 2000 наши сограѓани. Приоритетот е да се развива локалната економија и да се даваат еднакви можности за инвестирање како за странските, така и за домашните инвеститори“, изјави Димитриевски.

    На средбата биле претставени можностите за инвестирање во индустриската зона Новини и Речица, а Димитриевски и амбасадорката Холштајн го посетија производниот капацитет  на компанијата од автомобилска индустрија „Дрекселмаер груп“.

    „Минатата недела имавме настан, организиран од билатералната Германоско-македонска стопанска комора и две германски фопндации „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Хеберт“, кои имаат различна политичка обоеност. Ова беше прв настан каде политичките фондации разговараа за економски теми. Тоа покажува дека кога се работи за суштински прашања политиката не треба да има никаква улога. Градоначалниците, меѓу кои беше и Димитриевски, како и претставниците на стопанството,
    промовираа заедничка соработка, бидејќи економијата може да функционира само доколку функционира општината“, истакна германската амбасадорка Холштајн.

    Во рамките на средбата се разговарало и за можно збратимување на Куманово со град од СР Германија, продлабочување на  соработката преку имплементирање на заеднички проекти, , како и за досегашните реализирани проекти во општината во сите општествени области.