Димитриевски: Одиме заедно и понатаму, за поубаво Куманово и достоинствено место за живеење
Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски ги повика граѓаните во недела масовно да излезата на изборите и да гласаат за концептот „За Наше Куманово.

„Ја барам Вашата поддршка за да ставиме крај на многу појави во нашиот град. Куманово било, и ќе биде храбар град, град на големите општествени промени. Ние можеме заедно. Останете имуни на сите лажни информации кои се лиферуваат во јавноста.
Вие ме познавате мене, јас ве познавам вас. Одиме заедно, за мое, за твое, за наше Куманово, за поубаво Куманово и достоинствено место за живеење на нашите и вашите деца, место за живеење на сите кумановчани.
Куманово никогаш не дозволило да биде управувано од поединци и по потреба. Куманово секогаш било град на прогресивна мисла и идеа, на кој што секој граѓанин му биле битни и корените свои, но и иднината која што заедно ќе ја креираме.
Ве повикувам во недела уште во раните утрински часови, да излезете масовно и да дадете поддршка за бројот 80, со што ќе дадете можност да продолжиме да го водиме градот на еден достоинствен начин и Куманово да биде тоа што посакува секој кумановец, модерен и европски град“, порача Димитиревски.