×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски поднесе кривична пријава против Спасовски и МВР

    14.02.2024 19:11 | KumanovoNews

    Партијата ЗНАМ и нејзиниот претседател Максим Димитриевски, поднеле тужба против поранешниот министер Оливер Спасовски и МВР, поради проблемите со издавањето на личните документи.

    Димитриевски поднесе кривична пријава против Спасовски и МВР

    „Кривичната пријава се поднесува затоа што во периодот од 12.02.2019 година некаде до средината на 2021 година пријавените вршеле набавка на стари обрасци за издавање на официјални лични документи на граѓаните на Република Северна Македонија со тогаш веќе неуставното име на државата, со што овозможиле изработка и издавање на официјални лични документи со важност подолга од 12.02.2024 година, иако знаеле дека важноста на истите е до 12.02.2024 година“. 

    „Во истиот период издавале и официјални лични документи на граѓаните на Република Северна Македонија на обрасци со поранешното име на државата, односно користеле обрасци кои што не требало да се користат. Понатаму не ги превземале сите дејствија кои што требало да бидат превземени за навремена набавка на соодветни обрасци за издавање на лични документи со уставното име на државата, односно доцнеле со набавката на соодветни обрасци и пропуштиле да превзмат соодветни дејствија со цел навремено известување на граѓаните на Република Северна Македонија дека рокот на важност на официјалните лични документи издадени на старите обрасци истекува на 12.02.2024 година. 

    Со овие дејствија постои основано сомневање дека пријавените ги сториле кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик и „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од ЗНАМ.